Струмица ќе ја проширува дистрибутивната гасоводна мрежа
Струмица ќе ја проширува гасоводната дистрибутивна мрежа за нови дополнителни седум километри во градот, а ќе пушти гасоводен крак и до населеното место Дабиље за да отпочна гасификација и на струмичките ниви.
ЈП „Струмица гас“ ги почна работите за поставување на гасоводна линија до сите урбани заедници во градот откако општината со одлука на Советот обезбеди околу 420 илјади евра од Светска банка за целосно опфаќање на Струмица со гасоводна мрежа.
Во Струмица на гасоводната мрежа се приклучени 400 физички и правни лица. Меѓу корисниците се и локалните јавни институции но гасификација, но се уште не и државните иако долго време се најавува гасификација на струмичката болница и полицијата кои се греат на нафта.
Директорот на „Струмица гас“ подвлече дека со МВР се преговара за болницата, се чекаат средства од ресорните министерства.
Струмица е гасифицирана веќе десетина години. Гасот се носи во компресирана форма кој потоа се декомпресира и се пушта низ мрежата која како што кажаа одговорните е компатабилна за приклучување на националниот гасовод иако сеуште нема сигурно најави со која конекциска врка ќе биде поврзана Струмица.

