Струмица го врати репрезентативецот Маџунков
Одбојкарската екипа на Струмица донесе уште едно квалитетно засилување за новата сезона. Станува збор за македонскиот репрезентативец Филип Маџунков.
Тој претходната сезона настапуваше во странство односно го носеше дресот на белгиската екипа Лувен, а во својата кариера како интернационалец има настапувано во Аич од Австрија и хрватската екипа Рибола Каштела.
Во македонските екипи, покрај за Струмица, средниот блокер на македонската репрезентација го има носено и дресот на скопски Вардар.

