Струјата сепак ќе поскапи

 

Од 1 јануари граѓаните ќе се соочат со повисоки сметки за струја, но точниот процент на поскапувањето сè уште не е познат. Ад ЕСМ веќе му понуди на ЕВН хоум цена од 62 евра за мегават-час, што претставува зголемување од 3,3% во однос на сегашните 60 евра. 

Регулаторната комисија за енергетика  најавува конечна одлука следната недела, откако ќе бидат финализирани тендерите за струја за загуби во преносот и дистрибуцијата. Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, вели дека клучната компонента за крајната цена е трошокот за загуби во мрежата, а анализите сè уште се во тек. 

Премиерот Христијан Мицкоски иако десга уверуваше дека нема да поскапи струјата, сега вели дека покачувањето ќе биде минимално и ќе се однесува само на третиот и четвртиот блок.