Струга т.л. - Силекс и Шкендија - Македонија Ѓ.П. во полуфиналето на фудбалскиот куп
Ждрепката ги посака стружани и Шкендија да бидат домаќини во пресметките зашто ја добија пресметката во полуфиналето на домашен терен, па мечевите на 5 април ќе го дадат одговорот кои две екипи ќе се борат за трофејот во оваа сезона.
Се игра еден меч, кој ако нема победник по регуларниот дел, пеналите ќе решаваат за патниците во завршната битка.
Македонија ЃП е лански освојувач на Купот, додека Силекс го освои една година претходно. Од четвртфиналистите само Струга ТЛ нема трофеј, а за нив ова е трето полуфинале во низа и претходно испаѓаа од победниците.