Струга е лидер во ПМФЛ
Foto

Струга е лидер во ПМФЛ

На распоредот во Првата македонска фудбалска лига попладнево се одиграа пет од шесте натпревари од 4. коло. Нов лидер на табелата е тимот на Струга, барем до вечер кога ќе се комплетира колото. Стружани на свој терен го совладаа Шкупи.

Четвртата рунда се покажа како среќна и за шампионот Шкендија која стигна до прв триумф во новото првенство.

На дното остана Пелистер со максимални четири порази.

Резултати:

Борец – Брегалница 1:1

Скопје – Пелистер 1:0

Работнички – Тиквеш 2:1

Шкендија – Македонија ЃП 4:0

Струга – Шкупи 4:2.

Вечер од 20 часот играат Академија Пандев и Ренова.

Табела: Струга 8 бода, Академија Пандев 7 (натпревар помалку), Ренова 7 (натпревар помалку), Шкупи 7, Работнички 7, Македонија ЃП 6, Шкендија 5, Скопје 5, Брегалница 4, Борец 4, Тиквеш 1, Пелистер 0.

0 Коментари

Остави коментари