Стручна комисијата го проверува случајот со тримесечното бебе со модринки на телото

Стручна комисија треба да го истражи случајот со тримесечното бебе, кое било со модринки по телото, а за што семејството обвинува медицинска сестра од Детската клиника, дека намерно го повредила, поради етнички причини.

Директорот на Клиниката во телефонски разговор за ТВ 24 вели дека откако ќе го истражат случајот, ќе соопштат што е утврдено во јавноста. Што побрзо расчистување на случајот побараа и од Унијата на медицински сестри, од каде исто така ги повикаа релевантните институции да приложат и докази за случајот.

Вакви нерасчистени и недокажани случаи на нашата сестринска професија не смеат да фрлат никаква дамка. Не само за дигнитетот на нашата професија туку и за довербата на пациентите. За овој случај ќе се воздржиме се додека не ги добиеме релевантните аргументи од комисијата која очекуваме во текот на денешниот ден да излезе со податоци. Веруваме во институциите и веруваме во Министерството за здравство дека сепак целиот случај ќе оди во насока на правилно расчистување и име и презиме на виновникот за целата работа.“ - вели Гордана Бешлиовска претседател на унија на змстас „За нас“. 

Претходно министерот за здравство Арбен Таравари го посети семејството на бебето и рече дека доколку овој случај е вистина, медицинската сестра ќе биде веднаш отпуштена и тој лично ќе се погрижи да биде упатена пред органите на прогонот.