Стручен тим ќе работи на деблокирање на проектите за доизградба Финки и Факултетот за физичко образование

После точно 10 години од почетокот на изградбата, обид да се деблокира проектот за новата зграда на Финки но и за Факултетот за фискултура. 

Вака денеска изгледаат зградите на идните академици - запуштени објекти, со градежен смет и шут. Стручен тим од Градежниот факултет и УКИМ до крајот на годинава, треба да ги ревидира постоечките проекти по што треба да  продолжи изградбата на објектите, најави министерката за образование Весна Јаневска.

Дел од главните градежни документи и дозволи за изградба веќе се истечени и да продолжат зафатите мора да се реобноват. Тимот експерти од различни факултети ќе ги реактивираат проектите без финасиска надокнада.  

За изградба на објектот во кој требаше да се смести Факултетот за информатички науки, кој се уште нема своја зграда а е еден од најголемите факултети со околу 5000 студенти, беа планирани околу 12.7 милиони евра од кои 40% или над 1,980 000 евра веќе биле исплатени.. Во 2019та беа сопрени градежните активности како дел од проектот „Скопје 2014„ кога изведувачот - Штипски „Бетон„ отиде во стечај.

Студентите од ФИНКИ кои сега учат во предавалните на други факултети, оддржаа два протеста барајќи засебен објект за својата настава.