Строл го урна недопирливиот Мерцедес и стигна до пол-позицијата за утрешната трка
Foto

Строл го урна недопирливиот Мерцедес и стигна до пол-позицијата за утрешната трка

 

Возачот на Рејсинг Поинт, Ланс Строл направи сензација денеска на официјалните квалификации за Големата награда на Турција во Истанбул, откако го урна недопирливиот Мерцедес во оваа сезона, за да стигне до пол-позицијата за утрешната трка. Канадскиот автомобилист до својот најдобар резултат дојде со време од 1:47,765 минута откако претходно силниот дожд ги поремети квалификациите кои траеја два часа.

За Рејсинг Поинт со Строл, за кого ова е прва пол-позиција во кариерата. Хамилтон досега имаше девет, а Ботас четири од 13-те победи во доминација на германскиот тим, кој веќе ја освои конструкторската титула во оваа сезона.

Строл во завршницата од квалификациите извозе на тешката и водена патека време од 1:47,765 минути и беше практично недостижен, па Верстапен, кој во првите две сесии „доминираше“ со над две секунди предност, успеа да стигне до втората позиција со заостаток од 0,290 секунди, додека Перез, беше трет со над две секунди заостаток, иако водеше до самиот финиш од квалификациите.

Хамилтон и Ботас, завршија на шестото односно деветото место. Пред Хамилтон се најде Албон, како и Рикардо, додека Очон и Раиконен беа пред Ботас. Вчера Хамилтон по тренингот ги критикуваше организаторите, велејќи дека е „ужаснот“ да се вози по неодамнешните работи на самата патека на којашто е променета подлогата.

0 Коментари

Остави коментари