Стратегија за условите во затворите

Квалитетна здравствена нега и терапија за затворениците, професионализацијата на затворскиот персонал, образование, ресоцијализација и рехабилитација – ова се дел од заклучоците на Делегацијата на ЕУ во земјава на промоцијата на новата Стратегија за развој на условите во затворите во земјава.

„Комитетот за спречување на тортура во Советот на Европа повика на итна акција од Владата , затворските служби треба да можат да обезбедат здравствена нега и терапија споредливи со оние кои ги уживаат пациентите вон затворите. Како и што забележа КПТ несоодветна здравствена нега може да доведе до ситуации што претставуваат нечовечко и понижувачко постапување.“ - вели Jулиан Васало – заменик шеф на Делегацијата на Европската Унија во РСМ.

Од Министерството за правда уверуваат дека веќе се работи на подобрување на условите во затворите, а се обезбедени и европски пари.

„Околу 25 милиони евра ќе се инвестираат во реконструкцијата и изградбата на најголемиот затвор Идризово, со овие фондови ќе се изградат нови делови на затворот со што ќе се постигнат европските стандарди.“ - вели, Агим Нухиу, заменик министер за правда.

И од Управат за извршување на санкции очекуваат преку новата Стратегија да се достигнат меѓународните стандарди за подобри услови во затворите.

„Националната стратегија за развој на пенитенцијарниот систем ќе овозможи да се унапреди постоечкиот систем за извршување на санкции кој ќе продолжи да обезбедува успешна ресоцијализација и социјална адаптација на осудени лица за нивно оспособување и можност да се вклучат во општеството со најдобри изгледи за самостоен живот.“ - вели Марјан Спасовски, директор на Управата за извршување на санкции.

Делегацијата на ЕУ во земјава упати порака до Владата да ги земе во предвид препораките на Европскиот комитет за превенција на тортура и нечовечко постапување како и на Народниот правобранител, потсетувајќи ја државата дека почитувањето на човековите права е клучен приоритет на ЕУ.