Страшна несреќа во Хрватска: Возач на камион од Македонија изгорел во кабината
Македонец загина во тешка сообраќајна несреќа на автопат во Хрватска, кај Среданци во правец кон Брегана, пренесуваат хрватските медиуми.
Несреќата се случила вчера кога камионот излетал од коловозот, ја пробил оградата, удрил во столбови за осветлување и завршил во спротивната лента, по што избувнал пожар. Возилото целосно изгорело, а возачот останал заробен во кабината и починал на лице место.
Според хрватските медиуми станува збор за македонски државјанин. Полицијата продолжува со истрагата за причините и идентитетот на загинатиот. Од македонските институции засега нема потврда за настанот.

