Страшевски за тв24: Јас сум од ВМРО-ДПМНЕ, но во одбраната нема политичка позадина

Јовица Страшевски, адвокат на поранешниот градоначалник на Гази Баба во телефонски разговор за ТВ24 вели дека не и направил никаков притисок, ниту се заканувал на поротничката во ТНТ. Страшевски вели дека ги искористил сите механизми за да спречи според него, незаконско водење на постапката, за уривањето на Космос. Во неговата одбрана вели дека нема политичка позадина, иако потврдува дека е член на опозицијата.

- Јас сум од ВМРО-ДПМНЕ, но гарантирам дека во мојата одбрана во овој случај нема никаква политичка позадина. Со Тони Трајковски лично се познавам, нема политичка заднина. Не сум политички активен во моментот иако сум ВМРО-ДПМНЕ. Иако сценаријата на Кривичен суд се јасни, за мојата струка за која положив заклетва , ќе се борам за доследна примена и владеење на правото во овој слулчај. И самите видовме дека на мојот прес пред Судскиот совет, ВМРО-ДПМНЕ , мојата политичка партија закажа паралелно прес конференција, што укажува дека немаме никаква координација, ниту имам намера за правни работи да се консултирам.

Писмата се само укажувања на некои законски одредби и прописи кои се важечки во моментот во РМ, порачува Страшевски.

- Не давам толкување туку поставувам и прашања. Во ниту еден момемтн не се моите укажувања закани и притисоци. Најодговорно тврдам дека со сите лица не сум имал никаков контакт. Јавно повикувам ако некој имал некакви закани и јавни притисоци од мене, да го изнесе тоа и да го пријави, вели во телефонски разговор адвокатот Страшевски.

Адвокатот Страшевски пред две години беше еден од кандидатите кои собраа потписи за нов опозициски лидер и наследник на Никола Груевски. Но, се откажа од намерата за да не направи раскол и ситнење на гласовите.