Странските компании плаќаат и си заминуваат
За прв пат странски модни брендови исплаќаат обештетување на работници во Македонија.
Станува збор за два брендови од Европа кои на 32 оштетени македонски работнички им исплатија околу 42.000 евра оштета по основ на прекршени работнички права.
Две годишната судска борба која невладината “Гласен текстилец” ја водеше во македонските институции заедно со странски фондации резултираше со исплата на она што им се должеше и ги следуваше по закон македонските текстилни работнички, истакна денес на прес претседателката на “Гласен текстилец”, Кристина Ампева.
Ампева додава дека ова треба да стане пракса која ќе им покаже на македонските работодавачи дека треба да се престане со кршењето на работничките права, бидејќи истото може да доведе и до нарушување на партнерските односи.
Според Ампева ова е доказ дека европските брендови се општествено одговорни за разлика од компаниите кои работат во нивниот синџир на производство, поради тоа што веднаш реагираат со соодветни мерки, што всушност се докажа и во овој случај.