Странските инвестиции со пад на бројот на вработени и милионски долгови кон државата

Пад на вработеноста, стопирани погони и милионски долгови кон државата… Ова е состојбата со слободните економски зони. Две компании заминуваат, а ревизијата покажала и дека се прекршени договори за државна помош. Дали моделот на слободните економски зони го губи здивот? Владата уверува дека сè е под контрола.