Странски експерти: Земјите од Западен Балкан поактивно да ја спроведуваат зелената агенда

Стари дотраени градски автобуси, се повеќе автомобили на улиците. Загадувањето од сообраќајниот транспорт во земјава е се поголемо.

Странските експерти алармираат дека е време за поактивно и посериозно спроведување на зелената агенда во земјите од западен балкан кои се соочуваат со најголемо загадување првенствено преку поголема употреба на енергетиката,железничкиот транспорт,електричните возила велосипедите и тротинетите.

Од научната фела сугерираат дека државата истовремено треба да се посвети на поправање на патната инфраструктура која е во очајна состојба.

Инаку Македонија, зедно со останатите земји од Западен Балкан, има долгорочен проблем со загадувањето на водите, воздухот и почвите. Загадениот воздух годишно убива се повеќе човечки животи, почвите се загадени од историско индустриско загадување, а водите и биодиверзитетот се под ризик од стотици проекти за мали хидроелектрани.