Стотици пациенти евакуирани од болницата Ал шифа во Газа, остануваат околу 120 ранети, бебиња и лекари

Стотици пациенти избегаа од болницата „Ал Шифа“ во Појасот Газа, откако израелската армија даде рок од неколку часа за евакуација на најголемата медицинска установа на палестинската територија.

И покрај големиот број палестинци кои ја напуштаат болницата, во објектот се уште има неколку стотини тешко повредени лица како и предвремено родени бебиња. Веќе една недела болницата нема вода и електрична енергија а не функционираат инкубаторите за новороденчиња и апаратите за дишење.

„Голем дел од повредените имаат некој дел од телото ампутиран, други имаат критични повреди а остатокот се оперирани и не можат да се движат. Тука се и предвреме родените бебиња кои останаа во болницата. Состојбата е очајна.“ - вели изјава д-р Мохамед Закуст директор на болницата Ал Шифа.

Четврти ден трае потрагата на изралеските војници по борците на Хамас за кој се верува дека го користеле медицинскио центар како засолниште и како команден центар.. Денесдка е отворен уште еден коридор за да можат палестинците да избегаат од неколкуте градски населби кои се следна цел на армијата.

„Ве повикуваме итно да се евакуирате бидејќи е опасно да останете таму.“ - велат од армија на Израел.

Семејствата на израелските заложници продолжуваат со маршот од Тел Авив до Ерусалим во обид да извршат притисок врз израелската влада да обезбеди нивно ослободување. Илјадници израелци се приклучија на маршот, кој треба да заврши пред резиденцијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Неодамна, од Хамас порачаа дека се подготвени да ослободат седумдесетина заложници во замена за петдневно примирје и ослободување на преку 200 палестински жени и деца кои се затворени во израелските затвори.