Стотици нови пожари ја пустошат Амазонија
Foto

Стотици нови пожари ја пустошат Амазонија

Стотици нови пожари продолжуваат да ја уништуваат Амазонската прашума, додека  се засилува меѓународниот притисок врз бразилскиот претседател Жаир Болсонаро за да ги спречи пожарите во „белите дробови на светот“.

Според Националниот институт за истражување на вселената (ИНПЕ) меѓу четврток и петокот избувнале нови 1663 пожари.

Шефот на ИНПЕ беше отпуштен на почетокот од август, откако објави податоци за прекумерно уништување на шумите за кои Болсонаро верува дека е невистинито.

Пријавените податоци покажуваат дека уништувањето на шумите во јули е скоро четирипати поголемо отколку во истиот месец од 2018 година.

Според најновите официјални податоци, дури 78.383 пожари се пријавени во областа Амазон од јануари 2019 година, што е рекорден број од 2013 година откао се води евиденција. 

Бразил објави дека ќе ангажира воени авиони и 44.000 војници за да се справат со пожарите во Амазонската прашума.

Министрите за одбрана и за животна средина ги утврдија плановите денеска за борба со огромните пожари по острата реакција од меѓународната заедница и протести против бразилскиот претседател Жаир Болсонаро.

Бразилскиот претседател одобри војската да се вклучи во борбата против пожарите, нагласувајќи дека е посветен на зачувување на регионот Амазон.

0 Коментари

Остави коментари