Стотици илјади луѓе протестираа за независност на Каталонија
Foto

Стотици илјади луѓе протестираа за независност на Каталонија

Стотици илјади граѓани кои поддржуваат отцепување на Каталонија, денеска се собраа во Барселона по повод прославата на главниот празник на овој шпански регион, само неколку недели пред пресудата во случајот против 12 лидери на сепаратистичкото движење.

Околу 600 илјади приврзаници на независноста на Каталонија дојдоа од сите делови на богатиот шпански регион до неговиот главен град, јавија светските агенции.

На 11 септември се одбележува сеќавање на падот на Барселона во Војната за шпанското наследство во 1714 година.

Од 2012 година на овој ден се организираат масовни собири на каталонското движење за независност.

0 Коментари

Остави коментари