Сторија на ТВ 24: Три илјади евра за лекување во Бардовци оти не му даваат македонски документи

Процедурата за добивање на македонско државјанство  за 56 годишниот пациент во болницата во Бардовци кој иако е роден во земјава нема никаква документација и поради тоа треба да плати 185 500 денари за шест месечното лекување во болницата, тапка во место. Неговата ќерка за телевизија 24 вели дека се уште нема добиено никаков одговор од социјалниот работник, кој според неа е надлежен да ја заврши целата постапка до крај односно да поднесе документација до  МВР.

Немам информација од социјалниот работник, дали има или нема направено нешто, ми се нема јавено и ме нема известено. Ситуацијата е иста и нема никаква промена. Државјанството е најголем проблем бидејќи тој имал лична карта за странец и претходно но не знам зошто не му издаваат сега државјанство за да може да се лекува човекот. Ништо не се прави.Седми месец сум по потрага. Нне е точно дека семејството се отакжуава од него, вели ќерка на пациентот.

Претходно од МВР за телевизија 24 информираа дека во тек е изработка на лична карта за странец, додека за државјанство пак, семејството или социјалниот работник ќе треба да ги достават сите документи кои ги поседуваат за лицето со цел да се утврди дали има основ за да му биде издадено државјанство.

Телевизија 24 ја контактираше социјалната работничка која е надлежна за овој случај. Таа само кратко одговори дека без одобрение од управата на болницата не може да споделува никакви информации.

Дополнително од психијатриската болница Бардовци за поцесот за лекување велат дека во сумата се вклучени трошоците за сместување, оброци, терапија и испитувања во други здравствени установи каде на пациентот му биле правени други детални испитувања. Оттаму ни испратија и информативната листа со преземени социјални интервенции од нивна страна. Во листата детално е објаснет секој чекор кој го направиле и во однос на комуникација со неговото семејство, но и со надлежните институции.

Од болницата посочуваат дека во моментот кога го примиле пациентот , тој би со запуштен надворешен изглед и лоша лична хигиена, делувал дезориентирано, раздвижено, и не одговарал на поставени прашања и не било возможно воспоставување на вербален контакт.

Велат дека иако индикациите за психијатриско лекување престанеле, сепак пациентот бил задржан болницата исклучително поради социјални причини.

Неговата ќерка пак, која е и самохран родител покрај тоа што ја раскажа борбата на нејзиниот татко со институциите сподели и дека  води и битка за социјален стан.