Сторија на Телевизија 24: 80-годишниот Душан Бранковиќ со години ја бара правдата за изгубениот имот кај Тутунскиот комбинат

80 годишниот Душан Бранковиќ со куп документи, транспаренти и протести пред институциите ја бара правдата - како што вели за изгубениот имот кај тутунскиот комбинат Скопје.

Се започнало во 1973 година кога со пресуда на Врховниот суд семејството Бранковиќ го добива имотот- кој државата го национализирала 3 децении претходно.

Но, имотот раскажува Душан никако да го добиме во владение.

Имотен лист вели за парцелата од 3500 метри квадратни добиваме дури во 1996 година, но со тежок фалсификат ист таков документ 10 дена претходно добива и фирмата која го користи нашиот имот.

Но, судската голгота за Душан продолжува и по 1996 година откако Врховниот суд носи одлука да се врати предметот на повторно судење.

Судот пресудува во негова корист - земајќи ја предвид првата одлука на Врховен. Но, апелација во 2013 година ја поништува одлуката на првостепениот суд, а со тоа и одлуката на највисокиот суд во земјата, се жали Душан.

Правдата и правото е во мои раце. Одлука на Врховен суд без ралика кога е донесена како таа од 1973 година, никој понизок суд не може да ја поништи вели Душан, приложувајќи мислење од правниот факултет.

Душан 8 години до 2013 протестираше пред судовите Министерството за правда, барајќи да му се врати имотот. Годините ме надвасаа но од правдата не се откажувам, вели Душан - кој најави дека ќе се жали до Врховен и до Меѓународниот суд во Стразбур.