Сторија 24: Без работа и слеп Суаред Алишан заглавен во институционалните лавиринти
Суарет Елишан 36 годишен млад човек, слеп од своето раѓање и пораснат во дом за деца без родители остана без гарантирана минимална помош и нега од трето лице, откако во март истекло решението за овие додатоци.
Не знае поради што е настанат застојот и вели дека направил се што требало, поднел и нови документи преку матичен лекар, но нема никаков одговор од надлежните институциите.
Додека Суарет чека да му се одобри барањето, од Центрот за социјална работа тврдат дека чекаат тој да закаже термин преку матичен лекар за да му се одобри за туѓа нега, нешто за што Суарет тврди дека го направил. Со 99 посто слепило, овој млад човек се врти во круг барајќи одговор од институциите. Тој вели не е единствен, уште десттина деца чекаат на институционално решение на проблемот.
Истражувајќи го случајот ТВ 24 дојде до шокантен податок-дека комисијата во ПИОМ која одлучува за гарантираната минимална помош и степеност на инвалиднст-воопшто не функционира повеќе од една година. Истата комисија одлучува и за инвалидски пензии и во фиоките прашина собираат над 2000 предмети.
„Точно е дека комисијата не функционира бидејќи се останати само тројца лекари и еден пензиониран со договор на дело. На 4 декември поднесовме барање до Министерството за финансии за вработување на нови лекари специјалисти и чекаме одговор. Ова е голем проблем и најслаба алка во ПИОМ, потврди за ТВ24 Билјана Јовановска директорка на ПИОМ.
Додека Суарет чека институциите да се координираат, спие кај пријатели и луѓе што ќе се смилуваат на него бидејќи нема дом, а државата досега не се погрижила да добие социјален стан.
Со помош на хумани луѓе од социјалните мрежи собрани се финансики средтва за да му се плати кирија извесен период. Дотогаш останува државата да се погрижи за да му овозможи дом кој досега го немал.

