Сторија 24: Без канализација во 21 век, десетина семејства во Шуто Оризари со најмал дожд поплавени

Весна Димовска е самохрана мајка. Со синот и родителите живеат во постојан страв и неизвесност. Нивниот веќе руиниран дом во Шуто Оризари плива во вода после секој пороен дожд.

Последната поплава изминатово лето ја уништи цела покуќнина на ова социјално семејство. Но, големи штети нанесе и на домот од соседот Амзи. Влагата, водата, но и животот на бетон и палети ни станаа секојдневие. 

Проблемот е над 10 години, раскажаа жителите на улица Македонска- косовска бригада. Атмосверската канализација не може да ги апсорбира дождовните води, кои на крај завршуваат во нашите домови, се жалат мештаните. Штетите кои ги трпиме се големи, но проблемот ниту се решава, ниту некој не обештетува. 

Се обратиле до повеќе инстуции, но позитивен одговор не добиле. Градоначалникот на Шуто Оризари Курто Дудуш, најави решение. Ќе се започне со изработка на проект за изградба на нова атмосверска и фекална канализација. 

Весна и нејзините соседи се надеваат дека надлежните конечно ќе го решат овој горлив проблем кој низ годините им нанесе големи штети, но и болести од влагата која е присутна во секој дом од оваа населба.