Стопанската комора за туризам со конкретни барања за поддршка од државата
Foto

Стопанската комора за туризам со конкретни барања за поддршка од државата

Стопанската комора за туризам на Македонија (СКТМ) бара посебни мерки за поддршка од државата поради ситуацијата со коронавирусот.

Барањата кои се веќе доставени до Министерство за економија, ќе бидат соопштени денеска на прес-конференција.

-Засегнати од целокупната ситуација со здравствената криза која продолжува, но и поради последиците кои ги чувствуваме како сектор од затворените граници, ограничените движења за патување, откажаните резервации до крајот на 2020 година, оневозможени да ја извршуваме својата основна дејност, изготвивме барање со посебни мерки до државата кои треба да му дадат поддршка на секторот до крајот на годинава, наведува Комората.

0 Коментари

Остави коментари