Стопанската комора бара од ЕУ да ги пролонгира роковите за воведување стандарди и регулативи за компаниите

Стопанската комора бара од Европаската Унија да ги пролонгира роковите за воведување стандарди и регулативи за компаниите. Доколку фирмите од Македонија сакаат соработка со европскиот пазар, ќе мора да воведат нови технологии и иновативност со што ќе ја подобрат својата конкурентност. 

Најдиректно засегнати ќе бидат агросекторот, металната индустрија и металургијата, кои ќе мора да задоволат голем број еколошки стандарди.