Стопанска комора со законски предлог за кратење на празниците, ССМ се спротивставува

Ако Велигден се падне во недела, понеделник нема да е неработен ден, а за останатите верски празници рабитниците при потпишување на договор за работа ќе има право да избира два од празниците како што се Велики Петок, 28 август или успение на Пресвета Богорица, Духовден-петок ден пред Духовден, 19 јануари, Богојавление (Водици) и Бадник ден пред Бадник да ги празнуваат. Ова се дел од предлозите за измени на законот за празници кои ќе ги достави Стопанската Комора до ресорното министерство и Владата.

Од Сојузот на синдикати на Македонија не се изненадени од предлогот на работодавачите. Според првиот човек на ССМ Слободан Трендафилов, газдите покажале дека воопшто не го ценат работникот. 

Предлогот  кој се очекува да биде доставен до Министерството за економија и труд  од Стопанската комора го правдаат со фактот дека земјава е меѓу лидерите во регионот и Европа по бројот на неработни денови по основ на празници или вкупно 16, а со измените би биле вкупно 13, и  дека ваквиот тренд има штетни ефекти врз бизнисот.  

Инаку, откако претставникот на Стопанската Комора по новинарско прашање дали предлогот е подготвен по претходна консултација со работниците, односно синдикатите,  одговор дека немала никаква комуникација на оваа реалација и тоа останува на ресорното министерство и Владата.