Итно да профункционира комитетот за туризам, да почне имплементирањето на донесените мерки и да се поедностави постапката за субвенционирање, апелира Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија.
Туризмот и во услови на ковид може да функционира и да даде добри резултати, но изостанува реализација на мерките - реагираат од Комората.
Бараат средба со премиерот на која би биле презентирани ваквите ставови и би се креирал планот за делувањето оваа година.
0 Коментари