„Стоп за Вардариште” денеска со последна блокада на мостот Близнак
Аеродромци ја добија битката. Граѓанската иницијатива „Стоп за Вардариште“ денеска ја одржаа последната блокада на мостот „Близнак“ во Општина Аеродром.
Од иницијативата велат дека блокадите биле успешни и надлежните институции ги слушнале нивните барања и им ветиле дека ќе пристапат кон решавање на проблемот со дивата депонија. Велат дека направен е план со акција и најитните барања веќе се исполнети.
Граѓаните кои секојдневно ги блокираа раскрсниците низ Аеродром велат дека очекуваат институциите да го решат проблемот со дивата депонија, но доколку надлежните не се држат до дадениот збор, повторно ќе излезат на улица.
Граѓаните на Општина Аеродром и Гази Баба секојдневно 40 дена блокираа улици во двете општини со цел да се реши проблемот со дивата депонија „Вардариште“.

