„Стоп за УСЈЕ“ - протестен марш за чист воздух
Скопјани денеска повторно излегоа на улица. Тие уште еднаш од пред институциите побараа стоп за Усје.
Марширајќи од Владата па се до Министерството за животна средина и просторно планирање, со траснапренти во рацете, граѓаните им порачаа на надлежните институции дека загадениот воздух подеднакво ги убива сите.
Од граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“, пак, на денешниот протест ги повторија своите барања - 24 часовна контрола за УСЈЕ, мониторинг на сите 12, а не само на 10 оџаци на компанијата, како и европски закони при издавање на А интегрирана еколошка дозвола.
Од Цементара Усје пак се со истиот став. Оттаму велат дека се цел на неосновани напади бидејќи според нив фабриката не е главен загадувач на главниот град.
- Загадувањето во Скопје беше високо и во изминатиот период кога ТИТАН Усје воопшто не работеше. Имено, поради редовен ремонт двете печки не работеа – едната, печка број 4, од 20.12.2025 година, а втората, печка број 3 од 16.01.2026 година, се до 29.01.2026 година, кога печката број 4, беше повторно вклучена, согласно работниот план. И покрај тоа што ТИТАН Усје целосно не работеше во овој период, највисоката вредност на ПМ 10 честичките достигна и до 275 микрограми на кубен метар
Премиерот Христијан Мицкоски коментирајќи ги денешните протести рече дека Владата прави се за граѓаните да имаат почист воздух.
Христијан Мицкоски, премиер
- Ние како Влада правиме се за да направиме да граѓаните имаат поздрава и почиста животна средина. Тоа што со децении не е направено ништо, јас тука не би можел ништо да кажам.
Советниците од политичката партија Левица во Општина Аеродром, поднесоа резолуција за заштита на граѓаните од загадувањето. Со поднесената резолуција бараат константен мониторинг на Усје. Оттаму велат дека, здравјето на народот се жртвуива за екстра профит.
Од иницијативата „Стоп за Усје“ порачаа дека доколку не бидат исполнети нивните барања, ќе продолжат со блокадите.

