„СТОП ЗА ИЗВРШИТЕЛИ“: СО 500 ДЕНАРИ В ЏЕБ НЕ СЕ ЖИВЕЕ
Foto

„СТОП ЗА ИЗВРШИТЕЛИ“: СО 500 ДЕНАРИ В ЏЕБ НЕ СЕ ЖИВЕЕ

Со 500 денари в џеб не се поминува месецот – се пожалија и денеска граѓаните кои со години водат правна битка со институциите против извршителите. Граѓаните кои се под притисок на извршни решенија за пистилна наплата на долгови, велат се соочуваат со секојдневна агонија. Едните се жалат на борба со извршители и долгови кон Македонска банка – банка која не постои повеќе од една деценија. Во друг случај, пак граѓаните за долг од 15 илајди денари треба да се платат камати над 60 илјади денари.

Трета недела по ред граѓаните кои отворија формнт со изврпителите револот го искажуваат пред реосрното министерство. Бараат комплетна ревизија на работењето на извршителите, да престане блокирањето на сметките, наплатата на долгот да не трае подолго од две години и да се почитува застарувањето на долговите. До министерството за правда и денеска ги доставија своерачно напишаните претставки.

Порачаа дека нема да се задоволат само со ветувања и бараат конкретни резултати, а блокирање на улиците најавуваат се додека надлежните не преземаат конкретни мерки. Од правда го повторија ставот дека во тек е анализа на добиените претставки од граѓаните за работата на извршителите и нотарите.

0 Коментари

Остави коментари