Стоматолошката комора против министерството за здравство за одземање на ингеренциите
Претседателот на Стоматолошката комора Маријан Денковски контра министерот за здравство Азир Алиу.
Откако Алиу ги одзеде ингеренциите на комората за издавање лиценци за стоматолози со образложение дека имало недоследности при издавањата, Денковски денеска на прес конференција ги отфрли наводите на министерството за здравство.
Вели дека за поголем дел од страна на Комисијата формирана од министерот воопшто немало ниту извршено надзор, а и дека за работењето на комората биле извршени надзори во неколку наврати во кои не биле утврдени неправилности.
Маријан Денковски – Претседател на Стоматолошка комора
„Сакаме да посочиме дека во меѓувреме, во наведениот период, за работењето на Комората се направени неколку надзори и контроли од страна на Министерството за здравство, ДСЗИ, Управата за јавни приходи, разни државни инспекторати и агенции и сл. и согласно записниците од направените надзори и контроли кои ги поседува Комората, нема утврдени неправилности во кој било сегмент во работењето на Комората, па ниту во делот на јавните овластувања кои се доделени со закон.“
инистерот Алиу викендов соопшти дека контролите утврдиле дека Комората вршела едукации преку нерегистрирани здруженија и сертификати кои неправилно се користеле за продолжување лиценци, биле склучувани договори ретроактивно, спротивно на законот како и дека биле носени одлуки и документи без потпис и со невалидна документација.
Маријан Денковски – Претседател на Стоматолошка комора
„Ќе се направи средба со Лекарската комора зошто ако кај нас, во стоматологија, „незаконска“ едукација вршеле околу 15, како што беа наречени, нерегистрирани здруженија, во Лекарската комора, во системот на Континуирана медицинска едукација учествуваат или учествувале над 80 такви здруженија - меѓу кои доминираат членки на Македонско лекарско друштво“
На прес конференцијата реагираше министерстството за здравство од каде повторуваат дека одлуката е донесена врз основа на факти, аргументи и е резултат на подолготрајна и сеопфатна анализа од повеќе стручни лица и дека надлежностите ќе бидат во раце на министерот се додека како што велат не се воспостави систем кој ќе работи законито, транспарентно и професионално.
Инаку Комората е под истрага и на финансиската полиција која утврдува дали имало финансиски злоупотреби во работењето.

