Столтенберг во Загреб: Северна Македонија наскоро ќе стане членка на НАТО
Foto

Столтенберг во Загреб: Северна Македонија наскоро ќе стане членка на НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг вчера на прес-конференција со хрватскиот претседател, Зоран Милановиќ објави дека Северна Македонија ќе стане членка на НАТО за неколку недели. Тој и се заблагодари на Хрватска за поддршката на нејзината политика на отворени врати.

„Го поздравуваме фактот дека Хрватска е силен поборник на политика на отворени врати на НАТО. И наскоро, за неколку недели Северна Македонија ќе стане 30-та членка што укажува дека вашата врата останува отворена“ - рече Столтенберг.

Хрватскиот претседател истакна дека неговиот „стар познаник и пријател“ Столтенберг бил првиот постар гостин на Пантовчак во неговиот мандат потсетувајќи дека неговата дипломатска кариера започнала во тој сојуз.

0 Коментари

Остави коментари