Столтенберг: Станува збор за обид за контролирање на судбината на слободните нации

„За првпат Пекинг ѝ се придружува на Москва и бара од НАТО да не прима повеќе членови. Станува збор за обид за контролирање на судбината на слободните нации, повторно пишување на меѓународните правила и наметнување на нивните авторитарни модели на владеење“. „Москва се обидува да ја врати историјата назад и повторно да создаде своја сфера на влијание. Ние сме сите сојузници во НАТО, ние сме едно и секогаш ќе правиме сè што е неопходно да се штитиме и заемно да се браниме.“ - рече генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.