Столтенберг: НАТО бара целосно и брзо спроведување на Договорот од Охрид
Активисти на Социјалдемократска партија на Косово фрлија чоколадна торта и милкшејк кон вицепремиерот задолжен за дијалог со Белград, Бесник Бислими, при што иронично му ја честитаат „Заедницата на српските општини“.
И додека партијата поставува плакати со косовскиот премиер Курти со нос на Пинокио, самиот Курти изјави дека во Договорот се зборува за постигнување „соодветно ниво на самоуправување на српската заедница“, а не за заедница на општини со српско мнозинство. И Косовската претседателка Вјоса Османи порача дека „Српската страна не почитува ниту еден договор произлезен од дијалогот“ па така нема да го почитува ни овој. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг пак го поздрави договорот од Охрид и ги повика Белград и Приштина брзо и целосно да го спроведат.
- „И, се разбира, ние силно го поддржуваме дијалогот со посредство на ЕУ. Сојузниците во НАТО и НАТО даваат политичка поддршка. Бевме во близок контакт со ЕУ, но и со Приштина и Белград“. - изјави Изјава Јенс Столтенберг, Генрален секретар на НАТО.
Албанскиот премиер Еди Рама реагираше на изјавата на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, кој договорот меѓу Косово и Србија го нарекува договор меѓу „Белград и Приштина“.
„Белград и Приштина“?! Сериозна грешка или лапсус. Официјално име е „Договор за нормализација на односите Косово-Србија“ и би било неприфатливо доколку генералниот секретар намерно не го употреби точното име.
Познавачите велат дека договорот од Охрид е сепак тежок компромис за двете страни.
Откако на 18 март во Охрид беше постигнат договор за Анексот за спроведување на Европскиот план за дијалог, без потпис на Вучиќ и Курти, шефот на европската дипломатија Борел, изјави дека сепак договорот и анексот за негова имплементација се сметаат за одобрени.