Столевска: Потребна е јавна дебата, се шират лажни вести во врска со дигитализацијата во образованието
Foto

Столевска: Потребна е јавна дебата, се шират лажни вести во врска со дигитализацијата во образованието

„Направивме анализа, „Млади во криза“, за основните работи што им требаат, работа и доход, увидовме дека двапати повеќе се отпуштени млади за време на пандемијава за разлика од другите генерации, голем број на млади работат на црно, тие најмногу се погодени финансиски. Пандемијата негативно влијаеше на менталното здравје на младите. Од секој аспект младите беа најпогодени од пандемијата. Најважно е во моментов да има еднаков пристап до образованието за сите. Поучени од минатото, можам да го разберам скептицизмот, ако се знаат промените во образованието. Треба да се направи јавна дебата, има многу лажни вести, конкретно дека ќе имало целосна дигитализација, не е точно, ќе има дигитализација само во 4 одделение. Голем број од средношколците треба да се информираат зошто е бојкотот, тие нема да бидат засегнати на почеток од ова“ - вели Теодора Столевска - програмска директорка во МОФ.

0 Коментари

Остави коментари