Столе Димитриевски е позитивен на КОВИД 19
Foto

Столе Димитриевски е позитивен на КОВИД 19

Македонскиот репрезентативен фудбалски голман, Столе Димитриевски има позитивен тест на коронавирус, соопштија вчера од шпанскиот второлигаш Рајо Ваљекано.

Димитриевски бил единствениот позитивен по враќањето од летните одмори. Тој ја потврди веста, но рече дека е во перфектна здравствена состојба и нема никакви симптоми.

„Вчера бев известен дека сум позитивен на COVID-19 по тестовите што ми ги извршија минатиот вторник. За среќа, јас сум во одлична состојба и се одмарам дома, како што е утврдено во протоколите“ - напиша голманот на социјалните мрежи.

0 Коментари

Остави коментари