Столчето на Мицкоски во ССМостана празно, од влада не знаат кого чекал Тренадфилов

На толку многу зборување од Влада никој не отишол во ССМ да потпишат за работникот да може да добие повисока плата, вели претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов кој тврди  дека оптимизмот на власта е само за пред камери.

Според него, претставниците на извршната власт не се појавиле на состанокот закажан во 9 часот, каде требаше да се официјализира „минималец“ од 600 евра во нето износ. Трендафилов го потсети премиерот дека ССМ е на позната адреса која ја знае секој работник. 

Премиерот Христијан Мицкоски вчера рече дека е подготвен за средба со Синдикатот на УПОЗ за потпишување на колективниот договор за државните службеници, но дека ќе мора да се согласат да се тргне делот за плати од општиот колективен договор кој, како што кажа, е збунувачки и за него.

Во врска со денешните јавни настапи и изјави на Трендафилов, како Влада најостро реагираме на обидите за создавање лажна слика за социјалниот дијалог. Не знаеме кого Трендафилов чекал, сместувајќи се во празна сала, но едно е кристално јасно, социјалниот дијалог за нас е сериозна и одговорна државна политика, а не средство за политички театар и парадерство пред камери. Јавноста треба да знае дека средбата на Премиерот Мицкоски со претставници на синдикатот УПОЗ е закажана и ќе се одржи во просториите на Владата во четврток во 16:45 часот“,  велат до Владата 

За околу 7 800 работници што се дел од јавната администрација Владата е подготвена да се согласи со зголемување на платите од 40 отсто во период од 26 месеци, а од Синдикатот на УПОЗ рекоа дека тоа е, всушност, нивно барање старо една година. Во меѓувреме од ССМ не отстапуваат од 600 евра минимална плата и по 100 евра за останатите работници. Покрај масовниот протест кој се случи од ССМ велат дека следно е блокади и штрајк.