Стојковски за ТВ 24: Не верувам дека албанската опозиција ќе ги бојкотира претседателските избори

Андреја Стојковски извршен директор на Институт "Преспа" во емисијата 24 анализа рече дека немаме пример во кој не бил постигнат цензусот и гледано историски во периодот од десет изборни циклуси најнискиот излезност била доволна висока тој да биде постигнат.

- Не верувам дека албанската опозиција ќе ги бојкотира претседателските избори. Пендаровски тешко да го бојкотираат. Ако ја погледнете поддршнката на Пендаровски и Силјановска и Давкова, има поддршка за Пендартовски која доаѓат од Беса, Алтернатива, Алијанса за Албанците и ДУИ . За разлика од него, за Силјановска Давкова поддршката е само од ВМРО-ДПМНЕ. Поддршката за Пендаровски е далеку повисока дури и од некои други кандидати Албанци. - рече Стојковски.