Стојковски за Студио 10: Ако го гледаме францускиот предлог од аспект на проширување, тој е штетен и погрешен

Андреја Стојковски, институт Преспа во Студио 10 рече дека добро е што францускиот предлог е достапен за сите, за да се разбере, но треба да се разбере дека во преговорите некои работи не можат да се споделат зошто станува збор за работна верзија.

- Предлогот е лош и политиката на проширување е лоша. Но, светот во кој сега живееме, плус и она што се случува во Украина, веројатно преслогот е добро решение. Според ставовите кои ги имаат двете држави, овој предлог е многу добар. Ако го гледаме предлогот од аспект на проширување, тој е штетен и погрешен. Треба да бидеме свесни каква е ситуацијата и да го гледаме предлогот низ призмата во моментот во кој живееме. - рече Стојковски.