Стојановски за ТВ 24: Ова што се договори денеска за ЈСП, можеше да се договори и вчера на седницата.

Миќо Стојановски претседател на синдикат на ЈСП при ССМ во емисијата 24 анализа рече дека автобусите се пред владата по налог на градоначалничката Арсова како еден вид на притисок да се најде решение за долговите кои Владата ги има кон ЈСП.

- Се надевам дека нема да се повтори ситуацијата од сабајле и се надеваме на трајно решение. за она што ги мачи вработените во ЈСП, а тоа е нередовната исплата на платите. Ние сме компанија која ги извршува обврскитре кон граѓаните и добро е што најдовме излезно решение и ова немаше да се случи. Вчера на седницата на Град Скопје од спикерот на градското собрание, не добив право на збор и затоа излеговме на прес пред новинарите. Беше прекината седницата и не ни дозволија да го кажеме тоа што не мачи. Ова што се договори денеска, можеше да се договори и вчера на седницата. Факт е дека платите доцнеле и повеќе од пет дена кога немаше инфлаторни движења. Сакавме да се осигураме како вработени дека барем овие три месеци од 2002 година ќе ги поминеме со целосни плати. - рече Стојановски.