Стојановска за ТВ 24: Децата го гледаат моделот на однесување од родителот
Психологот Деспина Стојановска во емисијата 24 Отворено рече дека темата на врсничко насилство е многу болна тема и дека родителите се најважната превенција и домашниот амбиент.
- Посветуваме внимание на тоа како децата растат да не се научат обрасците на однесување. Во превенција е подигнување на свесноста кај родителите и приствот на родителот. Децата го гледаат моделот на однесување од родителот. Можеби родителот нема да пројави агресија кон неговите соработници или врсници, но начинот на кој ја постиигнува моќта во општеството, налинот на кој заработува и се однесува, на детските јазик, децата тоа го манифестираат преку врсничкото насилство. - рече Стојановска.