Стојановиќ за тв 24: Боки 13 спроведен во Идризово
Foto

Стојановиќ за тв 24: Боки 13 спроведен во Идризово

Бојан Јовановски попладнево е спроведен во затворот Идризово на издржување на затворската казна од 9 години, потврди за тв 24 директорот Јовица Стојановиќ.

Јовановски ќе биде 30 дена во приемното одделение на затворот и сместен е со уште двајца затвореници. Јовановски е спроведен од куќен притвор откако Апелација ја потврди пресудата каде што Јовановски е осуден во случајот „Рекет“ за перење пари и примање на награда за противзаконско влијание. Тв 24 го контактираше и адвокатот на Јовановски, Сашко Дуковски, но тој одби да одговори.

0 Коментари

Остави коментари