Стојанов: Не може некој да се весели на плажа додека секојдневно доктори се борат за пациентите кои лежат во болнички кревет
Foto

Стојанов: Не може некој да се весели на плажа додека секојдневно доктори се борат за пациентите кои лежат во болнички кревет

Време е да се отворат училиштата и градинките. Образованието не треба са трпи, бидејќи не се знае до кога пандемијата ќе трае. Вели доктор Александар Стојанов, директор на Центарот за јавно здравје и додава дека од септември, сезонскиот грип, дополнително ќе ја усложни состојбата, но Министерството за здравство ќе набави голем број на вакцини, со што малку ќе се подобри состојбата.

Ниту една земја во светот нема доволно медицински персонал, и во нормални услови, затоа е особено значајно да се почитуваат мерките за заштита и протоколите, бидејќи здраствените работници се преморени и прават напор да одговорат соодветно на состојбата. Според доктор Стојанов, журките и забавите на младите ќе доведат до појава на нови кластери, тој повикува на колективна одговорност кон јавното здравје.

0 Коментари

Остави коментари