Стојаноски: Работниците не добија ветувања, добија повисоки плати

Кога бевме опозиција, застанавме со работниците затоа што имаше реален проблем – платите доцнеа, колективните договори не се почитуваа и се подготвуваа законски измени со кои минималната плата требаше да се исфрли од формулата за пресметка. 

Тоа ќе значеше прекин на линеарниот раст и слабеење на заштитниот механизам за илјадници вработени, изјави денеска пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски...