Стојаноски: Буџетот за 2024 е досега историски највисок, составен така за да може да се искраде
ВМРО-ДПМНЕ реагира дека се работи за буџет кој досега е историски највисок, нереален, предизборен и составен така за да може да се искраде и подели помеѓу бизнисмените од власта.
- Ова е добра вест затоа што претставува последниот буџет што ќе имаат можност да го претстават криминалното дуо ДУИ - СДС. Вклучително со Буџетот за 2024-та година, СДС и ДУИ во периодот од 1 јуни 2017 година потрошија т.е. планираат да потрошат над 30 милијарди евра. Со тие пари можеше да се изгради нов Клинички центар, да се заврши започнатиот во Штип, можеше да се гасифицираат домаќинствата, да се заврши автопатот Кичево - Охрид, Скопје - Блаце, но и да се започне изградба на нови автопатски делници. Со 30 милијарди евра можеше студентите на ФИНКИ и ФФК да имаат современи услови за настава и учење, да има нови и реконструирани студентски домови, можеше постојната железничка инфраструктура да биде реконструирана, а пругата кон Бугарија да е во завршна фаза. реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.