Стојанче Јовановски е осуден на 12 години затвор за насилството и смртта на Ивана и Катја
Стојанче Јовановски е осуден на 12 години затвор за насилството и смртта на Ивана и Катја.
Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска беше објавена пресудата за Стојанче Јовановски, кој беше обвинет за три кривични дела – телесни повреди како продолжено дело во рамките на семејно насилство, загрозување на сигурноста, како и наведување и помагање во самоубиство, во случај поврзан со трагедијата од 2 март годинава, кога животот го загубија неговата сопруга Ивана Јовановска и нивната шестгодишна ќерка Катја.
За сите три дела на Јовановски изречена му е максимална казна.

