Стоилковски за тв 24: Овој попис е политички проект, а не важна статистичка операција
Foto

Стоилковски за тв 24: Овој попис е политички проект, а не важна статистичка операција

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски во емисијата 24 анализа ја критикуваше работата на владата нарекувајќи ја рашомонијада и локалните избори во Штип.

„Ниту се работи, ниту нешто финансира.“ - рече Стоилковски.

Тој го потсети на нереализираните ветувања на коалицијата на СДСМ во развојните плански региони како пругата, автопатот Прилеп-Битола до Скопје, и неспроведената топлификацијата за тој регион.

„Вие доаѓате од Пелагонискиот плански регион и вие како коалиција ветувате пред граѓаните дека ќе донесете развој на тој регион кажете ми дали е пругата направена или автопатот Прилеп-Битола накај Скопје, ниту топлификација е спрведена како најголемото ветување не е реализирано.“ - го критикуваше Стоилковски министерот за локална самоуправа Милевски.

Стоилковски вели дека во планот за 2020 година на министерството не се реализирани дел од ветувањата за претходната година, па кога ќе вратите во Битола што ќе им кажете на граѓаните што сте реализирале - го праша Стоилковски, министерот Милевски.

Во однос на законот за попис, Стоилковски рече дека нема да се признае резултатот од тој попис. Вистината според него е во информациите од комисијата каде се дебатираше во однос на амандманите и не бил прифатен ниту еден амандман, вели тој.

„Овој попис е важна статистичка операција. Она како што сега се турка, апсолутно не станува збор за таква операција, туку за политички проект, со цел која тие ја знаат. Законост се носи со закон за методологија, а овој попис во себе го нема тоа.“ - вели Стоилковски.

Тој потенцираше дека треба попис само на оние кои живеат во Македонија, а не попис на државјанства.

0 Коментари

Остави коментари