Сточарите му се налутија на министерот Николовски и ја напуштија трибината
Foto

Сточарите му се налутија на министерот Николовски и ја напуштија трибината

Производителите на јагниња ниту денеска не добија одговор од министерот за земјоделство љупчо николовски на нивните барања – субвенции за покривање на разликата од производна до откупна цена и итна интервенција кај откупувачите, кои според сточарите, ги уценуваат со откупот. Тие му се разлутија на министерот кој одговарајќи на нивните прашања, рече дека дел од нив не ја кажуваат вистината, па револтирани, предвреме ја напуштија денешната трибина во Велес.

Сточарите се пожалија дека откупот после први април е задоцнет, оти јагнињата прераснувале, губеле на цена, а од топлото време почнале и да умираат. Ги прашаа првите луѓе од земјоделскиот сектор зошто с еодолговлекуваат контролите на трлата, заради што субвенциите сеуште не им се исплатени.

Министерот љупчо николовски повтори дека за правилна распределба на субвенциите мора да се направи попис на трлата. Само така ќе има повеќе пари за сточарите. Министерството ја следи состојбата со откупната цена и ќе направи се, сточарите да бидат задоволни, смета тој.

Ефтим Шаклев од Асоцијација на земјоделците, вели дека откупувачите не откупувале оти европскиот пазар бил презаситен од јагниња. Какви ќе бидат следните чекори на сточарите, ќе се решава во текот на денот, на итен состанок. Пред два дена тие најавија дека ако државата не преземе мерки, тие ќе излезат на протести заедно со овците на улица.

0 Коментари

Остави коментари