Стимулациите за земјоделското задругарство да бидат опфатени и во новиот закон
Foto

Стимулациите за земјоделското задругарство да бидат опфатени и во новиот закон

Да се задржат бенефитите и стимулациите за земјоделските задруги и во законските одредби за земјоделство и рурален развој, апелираа задругарите по најавите дека Законот за земјоделски задруги ќе се укинува, а одредбите ќе се префрлат во други законски решенија. Тие во Струмица ги даваа своите мислења и забелешки се со цел задругарството да се развива.

Драги Памуков од „Веге фреш“ смета дека државата мора и понатаму да го поттикнува задругарството. Тие опстојуваат повеќе од пет години. Вели дека како задруга користеле бенефиции.

Земјоделска задруга планираат да формират и органските производители. На средбата во Струмица се информираа каква е правната рамка за основање на задруга за полесен пласман на нивните производи.

Во земјава постојат околу 40-тина земјоделски задруги од кои 33 се во Македонската асоцијација на земјоделски задруги, а околу 30-тина се во постапка за основање. 

Задругарството треба да донесе окрупнување на земјоделците кои со своето производство треба да бидат поконкурентни на пазарите.

0 Коментари

Остави коментари