Стево Пендаровски даде свечена заклетва и се всели во вила Водно

Заклетвата на новиот шеф на државата, Стево Пендаровски за прв пат на инаугурација ја слушна полна собраниска сала со пратеници од сите партии. Тој пак од собраниската говорница повика на помирување и најваи соработка со опозоицијата за стратешките прашања на државата како ЕУ и Нато, но и за реформите на разузнавачките служби кои се под негова надлежност. Повикот за обединување сепак, не го случнаа ниту премиерот Зоран Заев, ниту лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски. Премиерот замина на однор, лидерот на опозицијата не доби покана.

Добри односи со сите соседи, но и добри меѓуетнички односи кои нема да се влошуваат за време на кампања, или во зависност дали се политичарите на власта или во опозиција.

Ова според претседателот Пендаровски, се дел од неговите столбови за фунционирање во иднина. Порача дека Преспанскиот договор и договорот со Бугарија се доказ како може да се заштитат националните интереси, а во исто време да се направи пробив во евроинтеграциите. Пендаровски со порака и до власта. 

Шефот на државата вети дека нема да има горна граница за чувствителност на критика и дека невладиниот сектор ќе му биде клучен соработник. Рече на позиции за кои има ингеренции ќе бидат резервирани за професионалци и дека нема место за политички реваншизам.

Новиот претседател првите честитки ги доби од семејството - сопругата и синот. Аплауз доби и од поранешните шефови на државата Ѓорѓи Иванов и Бранко Црвенковски, како и од сопругата на загинатиот претсеадел Борис Трајковски, преставници на Владата, судовите, претседателите на Србија, бугарија, Албанија и Косово,министрите за надворешни работи на Црна Гора и Грција, делегации од Турција и Полска, дипломатскиот кор. 

Пендаровски е петтиот претседател на државата, прв зад кого ќе стои името Северна Македонија. А во вилата на Водно се сели од втор обид. Меѓу првите работи кои од Вила на Водно ќе излезат со негов потпис ќе бидат законите со новото државно име, кои неговиот претходник Иванов одби да ги потпише.