Стевчо Јакимовски оди во пензија
Се одјави и најави пензионирање. Сега веќе поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски рече дека ја остава општината со жиро сметка од 72 милиони денари, со подмирени тековни обврски и приход од 700 милиони денари.
Потенцираше дека општината ја остава со многу проекти кои треба да продолжат понатаму се со цел граѓаните на општина Карпош да продолжат да живеат во урбана и градска општина.
Во заминување, како што рече, остава и модерна и урбана општинаска зграда во која вработените треба да се чувствуваат пријатно на своето работно место но и вработени со достоинствени плати.
Јакимовски подвлече дека и покрај сите обиди за негова дискретитација тој успешно се носел со општината нудејќи проекти кои се во интерес на граѓаните на општината

