Стевчо Јакимовски ќе се кандидира за градоначалник на Карпош
Поранешниот градоначалник на општина Карпош Стевчо Јакимовски ќе се кандидира за нов мандат во оваа скопска пштина на претстојните локални избори на 17 октомври. Јакимовски попладнево на својот фејсбук профил објави дека одлучил да влезе во изборната трка за уште еден мандат. Кандидатурата ќе ја поднесе преку матичната партија Гром.